Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада сме согласни да се укине

Image 2026 01 14 155751023.png

Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада, генерално, сите се согласивме дека треба да замине во минатото – изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците.

Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на пржинската влада, таа да важи и за следните избори, па потоа да се укине.

Но, како што оцени, ќе треба да се направат измени во Законот за Владата зашто има промена во ресорите.

– Јавноста денеска беше сведок на еден поинаков пристап – на отворена, конструктивна дебата полна со предлози и идеи. Се отворија многу прашања. Предложив дебатата да продолжи на ниво на пратенички групи зашто ние сме за надминување на проблемите, а не за создавање нови – истакна Мицкоски.

Тој на лидерската средба, што се одржа по негова иницијатива, беше придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ, Никола Мицевски. На средбата од коалициските партнери во Владата присуствува генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“. Од опозициските пратенички групи присутни беа лидерите на Левицата и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.

Можете да прочитате

СДСМ: САД ја суспендираше обработката на визи, ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија

ЛДП: Лидерската како машки клуб на моќта: Зајкова како единствена жена-лидерка без покана за присуство

Америка го запира издавањето визи за 75 земји меѓу кои и Македонија