Утрински Весник
Свет

Макрон: Доколку суверенитетот на сојузниците биде загрозен, последиците би биле без преседан

20260114143305 big 730x400 46.webp.webp

Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле без преседан, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.

„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, цитиран од портпаролката на владата Мод Брежон.

„Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле без преседан. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.

Порано во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и дека жителите на Гренланд можат да сметаат на поддршката од ЕУ.

Шефовите на дипломатиите на Данска и Гренланд доцна вечерва ќе се сретнат во Белата куќа со потпретседателот на САД Џ.Д. Венс по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп против Гренланд, автономна територија во рамките на Данска. 

Можете да прочитате

Само 17 отсто од Американците ги поддржуваат напорите на Трамп да го добие Гренланд

Иран заплени десетици „Старлинк“ антени

Орбан: Бараните 800 милијарди долари од Украина не растат на дрвја