Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ

Petar ognenovic sdsm.jpg

Прес конференција на СДСМ, Петар Огњеновиќ, член на Извршниот одбор

Скандалот што го објави Антикорупцискиот тим на СДСМ за фаворит фирмата на ВМРО која од општините добила 51 тендер вредни 16 милиони евра има и друга позадина која денеска ја откриваме.

Кој е сопственикот на „Пирамид билдинг солушнс” која добила 51 тендер, вредни неверојатни 16 милиони евра и како е поврзан со ВМРО-ДПМНЕ?

Станува збор за извесен Петар Доновски.

Петар Доновски бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, на Избирачко место 2680 во Општина Аеродром.

По престанување на мандатот на Доновски, ВМРО-ДПМНЕ на негово место назначува друг партиски претставник.

Дали сега е јасно за поврзаноста со ВМРО и политичкото влијание?

Само од општина Аердором оваа омилена фрима има добиено 22 тендери.

Ако ова не е конфликт на интереси и политичко влијание врз доделувањето на тендерите тогаш што е?

Уште ли ќе чекаат Јавното обвинителство, ДКСК и Финансиската полиција?

Ние секојдневно ќе ги прозиваме.

Не само за овој нов случај со 51 тендер,  туку и за за скандалите со 161 тендер за една фирма, 9 милиони евра за друга, 1,2 милиони евра за фирмата блиска до ЗНАМ од Пошти.

Но овој скандал открива и нешто друго.

А тоа е поврзаноста на тендерите со избирачкиот процес.

Уште еден доказ зошто Техничката влада мора да остане.

Ако некој што бил во избирачки одбор именуван од ВМРО-ДПМНЕ добива милионски тендери, може да замислите на што би личеле избори без контролни механизми од опозицијата?

Затоа не сакаат опозицијата да учествува во техничката влада – затоа што не сакаат да бидеме сведоци на криминалот и корупцијата.

Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме.

Можете да прочитате

Филипче: Не сме на пазар, без применети реформи – нема укинување на техничката влада

Лидерска средба: Постигната согласност за укинување на техничката влада за следните или за изборите потоа

Грипот зема замав во Македонија – Почината пациентка и двајца на апарати за дишење