Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ и уредување на плоштадот околу неа

20260114143657 big 730x400 38.webp.webp

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека е почната целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк. 

– Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај. Почната е целосна реконструкција на фонтаната, која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое, за жал, со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставуваат нова урбана опрема и современо осветление, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.

Ова култно катче, еден од најистакнатите и најпрепознатливи симболи на градот, повторно ќе стане место на средби, прошетки и споделени моменти, ќе биде простор каде генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во убавината на јавниот простор, онака како што Скопје заслужува.

Скопје го правиме заедно. По скопски!, наведува Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Жители на Шуто Оризари во трка со времето: Соседите сами го гаснат големиот пожар

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии

Жичницата на Водно нема да работи од вторник до петок