Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари, инвестираме во образованието и младите

Gerasimovski.jpg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.

„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари”,  истакна Герасимовски.

Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија”.

Од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.

Општина Центар за оваа година  предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври” и „Димитар Миладинов”.

Можете да прочитате

Делови од Центар и Аеродром денеска без струја

Вечерва празнување на Василица на Боемска улица

Ѓорѓиевски: Започнато е површинско чистење на Вардариште