Утрински Весник
Македонија

Викендов повторно ќе имаме врнежи, ќе има и снег

Meteoalarm.mk 24.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Постепена промена на времето повторно очекувам за време на викендот кој доаѓа (Сабота  и Недела 17 и 18 Јануари 2026). Територијата на Македонија повторно ќе потпадне под влијание на значително поладен и влажен воздушен бран од исток и од североисток. Во ваква ситуација температурите повторно позначително ќе опаднат а особено во недела на 18 Јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде долж Повардарието.

Исто така во ваква ситуација облачноста ќе се зголеми и ќе имаме повремени локални врнежи од дожд и од снег во пониските места (градовите) и само врнежи од снег во повисоките населени места  и на планините каде очекувам формирање на нова снежна покривка како и нејзино проширување.

Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период ќе имаме повремени локални послаби врнежи од дожд и од снег а особено во Недела на 18 Јануари повремено ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Наутро температурите за време на викендот кој доаѓа ќе бидат значително пониски особено во Недела на 18 Јануари кога тие ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 4 степени а исто така значително пониски температури ќе имаме  и преку ден и тие ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени.

Можете да прочитате

Консензус за реформски закони или предвремени избори – што ќе донесе лидерската средба?

Потребни се донации за операција на малиот Дамјан

СДСМ: Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата