Утрински Весник
Македонија

Вечерва трагедија во Тетово: Маж загина во пожар во стан, едно лице повредено

Img 6444.png

Жител на Тетово загина вечерва во пожар што избувна во стан во населбата Блок 70, додека уште едно лице е повредено, јавува МИА.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираат дека пријавата за пожарот била примена во 19:05 часот.

„Пожарот во ТППЕ Тетово е пријавен во 19:05 часот“, изјави Авни Амети.

Од СВР Тетово потврдуваат дека во станот е пронајдено починато машко лице, како и дека едно лице се здобило со повреди.

Во тек е увид на местото на настанот, а надлежните служби најавуваат дека повеќе детали за причините на пожарот ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Можете да прочитате

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД

Судот го осудил Јакимовски, а не било утврдено каков е објектот – Врховен ги укина пресудите

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!