Утрински Весник
Македонија

Бугарски државјанин уапсен на граничниот премин Деве Баир

Policija Mvr2.png

Бугарски државјанин поради поседување на боксирач и транспарент со навредлива содржина е уапсен на граничниот премин Деве Баир.

Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.

Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.

На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

Можете да прочитате

Вечерва трагедија во Тетово: Маж загина во пожар во стан, едно лице повредено

Николоски: Ударите на Венко Филипче кон Велика Британија значат удар на темелите на Македонија 

Николоски: Бенефитите со влезот на третиот мобилен оператор се повеќе избор и пониски цени за граѓаните