
Легендата на шпанската балада, Хулио Иглесијас, е обвинет за сексуален напад врз две жени во 2021 година, пренесуваат шпанските медиуми. Помладата од жртвите тогаш имала 22 години. Жените тврдат дека наводно биле злоупотребувани додека работеле во карипските вили на пејачот. Една домашна помошничка опиша шлаканици и физичко и вербално насилство, додека друга, физиотерапевтка, тврди дека била сексуално вознемирувана и понижувана во атмосфера на контрола.
Инцидентите наводно се случиле во куќите на Иглесијас во Пунта Кана, Доминиканска Република, и Лајфорд Кеј, Бахамите. Обвиненијата произлегоа од заедничка истрага на „Ел дијарио“ и „Унивисиjон“. Една од жртвите, Ребека (псеудоним), рече дека пејачот ја повикувал во својата соба речиси секоја ноќ. Другата тужителка, Лаура, тврди дека Иглесијас ја допирал против нејзина волја. Медиумите не добиле одговор од пејачот, додека поранешната менаџерка го брани Иглесијас, опишувајќи го како скромен и почитуван кон жените. Иглесијас е меѓународна латино-ѕвезда со над 300 милиони продадени плочи.

