Утрински Весник
Македонија

Се намалуваат водостоите на реките

Kriva reka.jpg

Водостоите на речиси сите реки во земјава бележат благо намалување во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се реките Струмица на мерното место Сушево каде има зголемување на водостојот од четири сантиметри во споредба со вчера и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е повисоко за 31 сантиметар во споредба со вчерашното,  како и Бабуна на мерното место Богомила каде водостојот е ист со вчерашниот.

Зголемување од еден сантиметар во споредба со вчера има и нивото на Охридското Езеро, додека кај другите две природни езера во земјава водостојот е ист со вчерашниот. Со тоа, нивото на Охридското Езеро е за 10 сантиметри повисоко од историскиот просек за јануари, кај Преспанското е за 2,33 метри пониско од просечното, а кај Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просекот за јануари, но сепак е 96 сантиметри под договорениот минимум.

Можете да прочитате

СДСМ: Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане 

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

ОЈО со детали за убиството во Богданци: Ножот се скршил, нападот продолжил со ножици