Утрински Весник
Македонија

Истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Ojo.webp.webp

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка за  два одвоени случаи во кои има сомненија за кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 од Кривичниот зaконик.

Во првиот случај, осомничени се две полнолетни лица од Неготино, кои најпрво сториле кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик. Тие имале сексуални односи пред малолетно дете, кое ги снимало со мобилен телефон.

Во јули лани, додека детето имало 14 години, еден од двајцата осомничени повеќе пати го наведувал малолетникот на сексуални односи со него за што му давал одредени парични средства.

Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот за силување на дете, за кое е запретена казна затвор од најмалку 8 години.

Кавадаречкото обвинителство води постапка и предложи мерка притвор и против татко од Кавадарци осомничен за други полови дејствија спрема неговата 13-годишна ќерка.

Тој во алкохолизирана состојба го допирал девојчето во повеќе наврати, со што постои сомнение дека сторил кривично дело од ставот 5 на членот 188 за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.

Можете да прочитате

Приведен бугарски државјанин на ГП Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Левица: 14,3 милиони за патни трошоци на пратениците – 400 евра за преживување на работниците

Расчистена кражба во Велес, приведени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот