Утрински Весник
Свет

Недостиг на персонал доведува до повисок морталитет во Германија

Opratsiona Sala Bolnitsa Veles.jpg

Во болниците во Германија долж границата со Швајцарија, смртноста е за 4,4 проценти повисока отколку во остатокот од земјата, поради недостаток на медицински персонал, покажува истражување објавено денеска од Центарот за европски економски истражувања во Манхајм и Институтот Ифо во Минхен.

Причината за недостатокот е масовното заминување на медицинскиот персонал да работи во Швајцарија, каде платите се за 30 до 40 проценти повисоки. Од 2011 година, бројот на вработени што се префрлиле на работа во швајцарските институции расте, а студијата покажува дека долж границата има дури 12 проценти повеќе заминувања на персонал отколку во другите региони на Германија.

Недостатокот на персонал принудува болниците да приоритизираат пациенти и процедури, оставајќи помалку итните случаи на листи на чекање. Ова особено се чувствува кај постарите пациенти и итните случаи, каде е забележан повисок морталитет. „Додека во остатокот од Германија се зголемува просечниот животен век, во регионот долж границата со Швајцарија оваа вредност опаѓа“, посочува Оливер Шленкер, еден од авторите на студијата.

Проблемот со недостаток на медицински персонал е сè позачестен низ цела Германија. Според надлежните институции, во 2026 година во земјата ќе недостасуваат најмалку 200.000 медицински сестри и лица кои се грижат за пациенти, од кои над 50.000 во болниците.

Заради пониските плати во Германија, голем број медицински работници одлучуваат да ја напуштат земјата за подобри услови во Швајцарија, што директно влијае на здравствената заштита во граничните региони.

Можете да прочитате

Парамаунт ја тужи управата на Ворнер Брос за да го блокира спојувањето со Нетфликс

Зеленски бара финализирање на документот за безбедносни гаранции од САД

Во Франција почна регрутацијата за новововедениот воен рок