Утрински Весник
Свет

Над 500 убиени и над 10.000 уапсени во Иран, режимот организира контра-протести

Iranprotesti.webp.webp

Бројот на жртви во антирежимските протести што го тресат Иран се искачи на најмалку 544, според американска организација за човекови права што ги следи жртвите во земјата, пишува CNN.

Според најновиот извештај на Новинската агенција за човекови права (HRANA), најмалку 544 лица, вклучувајќи осум деца, се убиени во изминатите 15 дена од демонстрациите. Агенцијата, исто така, наведува дека повеќе од 10.681 лица се префрлени во затвори откако биле уапсени.

Си-Ен-Ен истакнува дека не може независно да ги потврди бројките објавени од ХРАНА. Проверката на информациите е многу потешка бидејќи иранските власти го прекинаа пристапот до интернет и телефонските линии, поради што земјата е под информациско затемнување повеќе од 72 часа.

Се организираат и контра-протести

Илјадници луѓе се собраа во голем број ирански градови за да покажат поддршка за клерикалниот режим, а снимки од настанот беа емитувани од државните медиуми. На нив се гледаат демонстранти како носат слики од врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, држат копии од Куранот и мавтаат со знамиња на Исламската Република на митинзите во градови како Керман и Захедан, пишува CNN. Државната телевизија Прес ТВ објави дека луѓето собрани на улиците на Керман го скандирале слоганот „Смрт за Америка“.

Митинзите беа организирани на покана на иранските државни агенции како одговор на протестите што ја потресуваат земјата повеќе од две недели. Бранот на незадоволство е поттикнат од тешката економска ситуација, авторитарното владеење и смртоносното задушување на претходните демонстрации.

Можете да прочитате

Гутереш „шокиран“ од насилството врз демонстрантите во Иран

Кина со прва реакција на изјавите на Трамп за Гренланд

Русија ја нападна Украина со над 150 дронови