Утрински Весник
Свет

Нобеловиот институт со одговор до Мачадо: Наградата за мир не може да му се пренесе на Трамп

20260111133148 big 730x400 91.webp.webp

Норвешкиот Нобелов институт соопшти дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друго лице, по изјавата на венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо, која сугерираше дека својата награда за 2025 година би можела да му ја отстапи на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението, Институтот наведува дека одлуката за доделување на Нобеловата награда е конечна и трајна, повикувајќи се на статутите на Нобеловата фондација кои не дозволуваат жалби или измени.

„Откако ќе биде објавена, Нобеловата награда не може да биде отповикана, поделена ниту пренесена на други. Одлуката е конечна и важи за сите времиња“, порачаа од Норвешкиот Нобелов комитет.

Мачадо претходно за „Фокс Њуз“ изјави дека отстапувањето на наградата на Трамп би претставувало чин на благодарност од венецуелскиот народ за соборувањето на Николас Мадуро, кој минатата недела беше уапсен од страна на САД. Трамп изјави дека би му било чест да ја прифати наградата доколку Мачадо му ја понуди за време на нивната средба во Вашингтон следната недела.

Можете да прочитате

Наводи за употреба на експериментално оружје во операцијата против Мадуро

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Данска потврди дека Марко Рубио ќе се сретне со данскиот шеф на дипломатија за Гренланд