Утрински Весник
Свет

Мадуро испрати порака од притвор

Maduron.jpg

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро од притвор во САД им порачал на своите поддржувачи дека „се справува добро“, изјави неговиот син Николас Мадуро Гера.

„Се справуваме добро. Ние сме борци“, порачал Мадуро за себе и за сопругата Силија Флорес од ќелијата во САД, пренесе неговиот син.

Според истиот извор, Мадуро им рекол на своите адвокати „да не тагуваат“. Венецуелскиот лидер беше приведен и префрлен во САД за време на американската воена операција во Каракас на 3 јануари.

Мадуро и првата дама во понеделникот за првпат се појавија пред суд во Менхетен, Њујорк, каде што се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за нарко-тероризам и трговија со кокаин.

Изјавите на Мадуро неговиот син ги пренел за време на состанок на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела. ссм

Можете да прочитате

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор

Иран запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина

Тексас дозволи истакнување на Десетте Божји заповеди во училниците и покрај силните критики