Утрински Весник
Македонија

Најавен протест против аерозагадувањето во Струмица

Whatsapp Image 2024 11 11 At 16.22.25.jpeg

Се организира протест во Струмица против аерозагадувањето од страна на граѓанската иницијатива ,,Здрава Котлина”. Протестот ќе се одржи на 24 јануари, со цел да се изврши притисок врз институциите за преземање ефикасни мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Според најавата, протестот ќе започне во 12:00 часот, а граѓаните ќе се соберат на раскрсницата кај ТЦ „Глобал“.

Од „Здрава Котлина“ велат дека Струмица со години се соочува со сериозно загадување на воздухот, особено во зимскиот период, кога концентрациите на ПМ честички често ги надминуваат дозволените вредности. Тие предупредуваат дека ваквата состојба има директни последици врз здравјето на населението, особено кај децата, повозрасните лица и хронично болните.

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да се приклучат на протестот и на мирен начин да го искажат своето незадоволство и своето барање за чист воздух и подобри услови за живот.

Можете да прочитате

Повозрасен маж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров

Само вчера регистрирани два нови случаи на семејно насилство во Скопје

Владата одвои 60 милиони денари за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток