Утрински Весник
Свет

Белгија е во фаза на жолт метеоаларм

Belgija.webp.webp

Белгија денеска е во фаза на жолт метеоаларм. Ова следува по бурата ,,Горети” која ја зафати земјата. Имаше обилни врнежи со силен ветер, што предизвикаа кршење на дрвјата и други материјални штети.

Белгискиот Кралски метеоролошки институт, утрово прогласувајќи го жолтиот метеоаларм на целата територија на државата, предупреди на опасност од лизгави патишта и им порача на возачите внимателно возење.

Во реонот на От Фање, долж границата со Германија, утрово се измерени минус 12 степени Целзиусови. Според Институтот во делови на земјата, пред сè во планинските реони на југоистокот снежната покрива достигнува и до 30 сантиметри.

За до попладнево се превидува престанок на врнежите на целата територија на земјата, но студениот ветер и ниските температури може да предизвикаат задржување на мразот и снегот и во наредните денови.

Можете да прочитате

Турција воведе забрана: Деца под 15 години нема да смеат да користат социјални мрежи

Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина

Вадефул се заложи за укинување на принципот на едногласност во ЕУ во надворешната и безбедносната политика