
Половина од станбените згради во Киев околу 6.000 се без греење по тешкиот руски напад врз клучната инфраструктура на главниот град. Забележани се и прекини во водоснабдувањето, објави „Украинска Правда“. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок досега за инфраструктурните објекти. Според него, социјалните објекти, особено болниците и породилиштата, се поврзани на мобилни котларници, додека екипите работат на враќање на струјата и греењето.
Кличко информира дека градските служби работат во вонредни услови и апелираше граѓаните кои имаат можност привремено да го напуштат градот да го сторат тоа, поради најавените тешки временски услови. Нападот започнал вечерта на 8 јануари со дронови, при што во населбата Десњански било погодено покрив на станбена зграда. Потврдено е дека загинале четири лица, а повеќе од 500.000 потрошувачи во Киев и околината до утрото на 9 јануари останале без електрична енергија. Забележани се и доцнења во железничкиот сообраќај.


