Утрински Весник
Свет

Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава

20260108115036 big 730x400 16.webp.webp

Семејствата на луѓето кои загинаа или беа повредени во пожарот што за време на новогодишната ноќ избувна во барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана поднесоа кривична пријава до швајцарското обвинителство, изјави адвокатот што ја застапува групата жртви.

„Семејствата поднесоа барања и се приклучија на постапката како обвинители. Овие барања беа прифатени (од обвинителството)“, потврди адвокатот Ромен Жордан, пренесоа британските медиуми.

Тој не прецизираше против кого е поднесена тужбата, наведувајќи само дека е насочена „против сите одговорни, без исклучок“.

Кривичната истрага за пожарот во Кран Монтана досега ги вклучува само сопствениците на барот, кои се осомничени за кривични дела, вклучително и убиство од небрежност.

Остануваат прашања во врска со причината за пожарот и користените безбедносни процедури.

Обвинителството на кантонот Вале не одговори на барањето за коментар.

Можете да прочитате

Венецуела сака повторно да воспостави дипломатски односи со САД

Руски дронови погодиле два странски цивилни брода во регионот на Одеса

Над 60 загинати во протестите во Иран