Утрински Весник
Свет

Пукање пред црква во САД, две лица се убиени

02360b7c 1aba 46c3 8af3 b20dae867e15.webp.webp

Две лица се убиени, а шест други ранети во пукотница што се случи вчера вечерта пред Црквата на Исус Христос во Солт Лејк Сити, каде што во тој момент се одржуваше комеморација. Од шесте повредени, тројца се во критична состојба, потврди локалната полиција, според „Солт Лејк Трибјун“ .

Состојбата на другите тројца повредени лица е непозната бидејќи тие биле однесени во болници со приватни возила, изјави портпаролот на полицијата Глен Милс. Сите жртви се возрасни. Пукањето се случило околу 19:30 часот пред црквата на Редвуд Роуд. Еден или повеќе од напаѓачите избегале од местото на настанот, изјави началникот на полицијата на Солт Лејк Сити, Брајан Ред, додавајќи дека до доцна навечер не се извршени апсења.

Ред потврди дека сите осум жртви биле застрелани пред црквата и дека полицијата не верува дека станува збор за случаен напад, ниту пак за напад насочен кон верска заедница. Истражителите ги прегледуваат снимките од безбедносните камери од блиските згради и читачите на регистарски таблички. Неколку лица се приведени на испрашување, но ниту едно од нив во моментов не се смета за осомничено.

Можете да прочитате

Венецуела сака повторно да воспостави дипломатски односи со САД

Руски дронови погодиле два странски цивилни брода во регионот на Одеса

Над 60 загинати во протестите во Иран