Утрински Весник
Македонија

Поплави во Кичево, евакуирани 100 лица

01082017162550 web poplava mvr video 696x361 1.jpg

Центарот за управување со кризи објави нформација за обилните врнежи низ земјата и каква е состојбата до 09.00 часот утрово.

Тетовски и Гостиварски регион

Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се известени ЕЛС Гостивар и ПС Чегране.

Забележано е излевање на Лакавичка река во с. Мало Турчане и на Сушечка река во с. Горна Бањица, Општина Гостивар. За настаните се известени надлежните институции и службите за итно дејствување, кои ја следат состојбата на терен.

Охридски и Кичевски регион

Во Општина Охрид евидентирани се поплавени подруми, гаражи и дворови на повеќе локации во градот. Локалната самоуправа и Кризниот штаб на Општина Охрид се известени и постапуваат по пријавите. Реката Далјан е излеана од коритото на повеќе места, при што се поплавени голем број куќи, а службите за итно дејствување се организирани и се на терен.

Во Општина Кичево, на ул. „Прилепска“, поплавени се повеќе стамбени објекти. Извршена е евакуација на околу 100 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов. На терен интервенираа екипи на Црвен крст, ДЗС, РЦУК Кичево, ТППЕ Кичево, ЈП Комуналец и Општина Кичево.

На евакуираните лица им се обезбедени храна, вода, кревети, душеци и ќебиња. Регистрирани се и излевања на Зајашка река во реонот над стадионот „Влазрими“ и новото училиште „Санде Штерјоски“, како и излевање на реката Треска на земјоделско земјиште во атарите на селата Бигор Доленци, Вранешти и околината.

Битолски и Преспански регион

Поради обилните врнежи од дожд е забележано зголемување на водостојот на реките и излевање на повеќе водотеци, при што се поплавени голем број куќи и дворни места. Во 09:00 часот е закажан состанок на Кризниот штаб на Општина Битола, со цел утврдување приоритети и координација на активностите на терен.

Можете да прочитате

Мицкоски, Гаши и Силјановска на прием кај г.г. Стефан

Одреден притвор за сопственикот на опожареното кафуле во Кран – Монтана

СДСМ ќе го поддржи Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар