Утрински Весник
Македонија

Следуваат ли предвремени избори? Мицкоски сака да се укине техничката Влада

Izbori 1.webp.webp

Дали Македонија во новата 2026 година ќе оди на предвремени парламентарни избори?

Ова прашање логично се наметнува откако премиерот Христијан Мицкоски вчера најави лидерска средба за договор за укинување на техничката влада на 100 дена пред избори.

Премиерот потсети дека пред изборите раководството на СДСМ јавно се залагало за бришење на техничката влада и посочи дека допрва треба да се види дали таа позиција сè уште важи.

„Јас не би сакал да влегувам во такви измени, иако таму нема дополнителни услови, нема Бадентер. Но, не би сакал да влегувам во таков еден процес без да имаме консензус, затоа што мислам дека е тоа политички некултурно“, рече Мицкоски во интервју за „Алфа“.

Тој најави дека денес ќе упати и покана за лидерска средба на која покрај техничката влада ќе треба да се разговара и за реформските закони.

„Планирам од утре да упатам покана до сите лидери на политички партии или водства на коалиции што имаат пратеничка група во рамките на парламентот, да организираме една лидерска средба“, изјави Мицкоски.

Се спрема терен за предвремени избори?

Тајмингот во кој Мицкоски зборува за укинување на предизборната преодна влада укажува на тоа дека се поверојатно е годинава да се случат предвремени парламентарни избори.

Последните парламентарни избори се одржаа пред 18 месеци, во мај 2024 година, па редовните се дури во 2028 година и затоа оттука „брзањето“ на Мицкоски да се укине техничката влада води кон тоа дека набрзо можни се предвремени избори.

Дека власта планира предвремени избори годинава, веќе извесен период говорат и од СДСМ.

Од опозициската партија убедени се дека власта ќе распише предвремени избори веќе оваа пролет и сето тоа го врзуваат со договорот со Британиија за прием на мигранти.

Од друга страна, во албанскиот блок опозициската ДУИ неколку пати посочи дека секогаш се подготвени за избори, додека пак од коалицијата ВРЕДИ до сега ја одбиваа можноста за предвремени парламентарни избори.

Можете да прочитате

Мицкоски, Гаши и Силјановска на прием кај г.г. Стефан

Одреден притвор за сопственикот на опожареното кафуле во Кран – Монтана

СДСМ ќе го поддржи Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар