Утрински Весник
Македонија

Расте потребата за старски домови, недостасува кадар

Penzioneri.webp.webp

Со сè помалку слободно време и поинтензивен живот на младите, повозрасните лица сè повеќе имаат потреба од згрижување во старски домови. Иако постојат државни и приватни установи, а се најавуваат и нови, интересот за сместување расте, што создава потреба од дополнителен простор и кадар.

– Во сите јавни и дел од приватните домови има листи на чекање, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Потоа потврдија дека има потреба од нови вработувања – социјални работници, медицински сестри и негуватели. Вкупниот капацитет во јавните установи е 676 легла, додека 38 приватни домови нудат 1.609 легла, најмногу во Скопје. Петте јавни домови се: ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – 111 легла, „Зафир Сајто“ – 197 легла, „Киро Крстески Платник“ – 150 легла, „Сју Рајдер“ – 150 легла и „Д-р Иван Влашки“ – 67 легла. Во 2025 година Берово доби 28 нови легла. Министерството има договори за нови домови и адаптација на објекти во Пробиштип (54 корисници), Кавадарци (57), Крива Паланка (20) и Кратово (35), а секоја година се објавува јавен повик за општини заинтересирани за изградба или доградба на установи за стари лица.

– Основниот проблем на старските домови е недостигот од стручен кадар, појаснија од Министерството. Цените за сместување во јавните установи се од 10.900 до 25.800 денари, зависно од здравствената состојба на корисникот.

Можете да прочитате

Две тешки сообраќајни несреќи во Скопје – повредени двајца пешаци

Филипче: Кој ќе оди на средбата со Мицкоски, тој дава легитмитет на криминалот

Македонецот кој загина во Кран-Монтана бил во барот со сестра си – таа излегла на воздух и се спасила, семејството бара помош за погреб