Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Бадник е ден кога ја негуваме традицијата и си подаваме рака едни на други

Badnik 7.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на традиционалната прослава пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски” упати порака за заедништво, солидарност и хуманост по повод Бадник и Божик.

„Во овие мигови да се потсетиме што си значиме и да си подадеме рака. Да помогнеме таму каде што е најпотребно. Верата и надежта да ни помогнат да се сплотиме и да станеме посилни”, порача Герасимовски.

Тој изрази благодарност до „Здружението за традиционална прослава на Бадник” за одличната организација и посветеноста во чувањето и негувањето на бадникарските обичаи.

Со здравица и желба за среќни и радосни празници, на скопјани им се обратија новиот бадникарски кум Зоран Кондратенко и здравичарот Јаков Дренковски.

Во присуство на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, г.г. Стефан, беше извршен чинот на примопредавање на Бадникарскиот ќуп и се освети кумовата погача.

На присутните им беа поделени осветени дабови гранчиња, кои претставуваат симбол на сила, долговечност и издржливост.

Општина Центар и понатаму ќе ја поддржува бадникарската традиција како вредност што ги обединува граѓаните и го чува духот на празникот.

Можете да прочитате

По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалт

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода

Отворен првиот Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години во Скопје