Утрински Весник
Македонија

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид, повредени двајцата малолетни сопатници од Тетово

Soobrakajka.jpg

На 05.01.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Емин Бојана” во с. Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш. од с.Рогле, тетовско, управувајќи патничко возило „ауди” со италијански регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски ѕид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник од Тетово, додека со телесни повреди се здобила 14-годишна сопатничка од Тетово, констатирани во Клиничката болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Можете да прочитате

30 дена притвор за поранешниот претседател на ФФМ

Голема полициска акција: Се разбива мрежа на доктори за незаконски медицински услуги

Рускоска: Според фискалните на Бојан Јовановски, парите од „Рекет“ одамна се потрошени