Утрински Весник
Балкан

Вучиќ уверен во изборна победа и во Ниш и во Нови Сад

Vucik.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека изборите ќе се одржат во текот на оваа година и изрази уверување дека неговата опција ќе победи и во Ниш и во Нови Сад. Одговарајќи на новинарски прашања зошто не му е дозволено слободно да се движи низ српските градови, тој повтори дека очекува изборен триумф во средини каде што до неодамна тоа изгледало невозможно. „Немавме никакви шанси во Ниш до пред три или четири месеци, одеднаш прозорците се отвораат сè пошироко и пошироко. И во Нови Сад.

Не видов никакви шанси за победа во Нови Сад, одеднаш едното крило се отвори, а другото малку“, рече Вучиќ. Тој нагласи дека 2026 е изборна година и дека резултатите од политиките ќе станат јасно видливи. Во своето обраќање повторно се осврна и на прашањето за литиумот, наведувајќи дека околу овој проект се водела жестока борба, бидејќи постоело уверување дека „Рио Тинто“ ќе го реализира проектот во Србија со кинески партнер.

Според Вучиќ, против проектот биле вложувани пари од западни структури, но и од проруско ориентирани активисти, што, како што рече, ја ставило земјата под притисок од повеќе страни. Тој оцени дека Србија донела погрешна одлука, која ја нарече „моронска“, и додаде дека „блокадарите“ успеале да придонесат за намалување на стапката на економски раст во споредба со претходната година.

Можете да прочитате

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра

Поплави во повеќе градови во Албанија, најкритично во Драч, Лежа и Кукс, има прекин во наставата и почната е евакуација

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград