Утрински Весник
Магазин

Зошто кафето не е решение за мамурлак и што да пиете наместо тоа

Mamurlak.jpg

Празнувањето за некои луѓе, значи и повеќе алкохол, а тоа може да резултира со мамурлак – главоболка, мачнина и вртоглавица, пишува Express.co.uk.

Според лекарите,  се препорачува добра хидратација пред, за време и по консумирање алкохол, како и внес на електролити – преку напитоци или таблети, најдобро пред спиење.

Експертите предупредуваат дека кафето не помага, туку може дополнително да ја влоши дехидрацијата. Наместо тоа, се советува вода или електролитни напитоци, особено ако има мачнина или вртоглавица.

Електролитите може да се надоместат и преку исхраната – со храна богата со калиум, како банани, цитрусно овошје, зелен лиснат зеленчук, компири.

Покрај тоа, важен дел од закрепнувањето е одморот. Алкохолот го нарушува квалитетот на сонот, па експертите советуваат да се престане со пиење порано навечер за телото да има време да го преработи алкохолот и да се обезбеди подобар сон.

Можете да прочитате

Лазаров најавува второ издание на Lazarov Awards во засилување со Игор Џамбазов

Дневен хороскоп за 05 март 2026

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници