Утрински Весник
Балкан

Паднато дрво усмрти жена во Софијa

Image 2026 01 03 202507384.png

Силниот ветер што утрово ја зафати Софија предизвика тешка сообраќајна несреќа со смртни последици на патот кон планината Витоша. Огромно дрво паднало врз автомобил во движење на Беловодскиот пат, при што загина 31-годишна жена.

Несреќата се случила околу 9:45 часот. Во возилото се наоѓало четиричлено семејство кое тргнало на излет. Жената, која седела на совозачкото место, починала на лице место откако дрвото го смачкало автомобилот.

Автомобилот го управувал нејзиниот сопруг, 34-годишен маж, кој не се здобил со телесни повреди, но бил во состојба на тежок шок. Двете деца кои се наоѓале на задното седиште, за среќа, поминале без повреди

Можете да прочитате

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили

Во протестите во Тирана 272 повредени, а 12 луѓе се задржани во болница

Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ