Утрински Весник
Македонија

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

20260103172423 big 730x400 44.webp.webp

Младиот Стивен Ивановски, кој беше исчезнат во пожарот во Кран – Монтана, е пронајден починат. Неговото тело е идентификувано врз основа на ДНК анализа.

Информацијата за МИА ја потврдија и од македонската Влада.

– Има потврда од Берн, телото е идентификувано. За жал, станува збор за починато лице. Член на семејството потврдило согласно ДНК. Изразуваме длабоко жалење и сочувство – велат од Владата.

Ивановски се водеше за исчезнат по пожарот во дискотеката во Кран Монтана, а неговото семејство преку социјалните мрежи бараше помош за негово пронаоѓање.

Во пожарот, според швајцарските медиуми, загинаа 40 луѓе, а над 100 се повредени.

И Македонија понуди помош за лекување на повредените во пожарот.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ОКГ ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите, истите методи од Груевски

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови