Утрински Весник
Македонија

Тошковски: МВР со посебен план за претстојната зимска туристичка сезона во Маврово

544481927 122254706864197509 396959549590657446 n.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Панче Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница. Тој се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.

„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.

При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, со цел побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Ова ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар. Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше разгледано и прашањето за можност дел од просторот да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

Можете да прочитате

Внимание возачи: Патиштата се лизгави поради ледени врнежи

Во краток рок три незгоди на Тетово–Гостивар, сообраќајот забавен

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете