Утрински Весник
Македонија

МЗ: Итензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување кај детето

Ministerstvo za zdravstvo 1 1.jpg

И покрај постојаниот 24-часовен надзор и вложените максимални напори на медицинскиот персонал на Клиниката за неврохирургија, двегодишното дете кое беше тешко повредено во новогодишната ноќ, за жал, почина како последица на здобиените повреди.

Од Министерството за здравство попладнево соопштија дека детето било хоспитализирано со сериозни повреди на мозокот, предизвикани од метален предмет. „Детето беше интубирано, поставено на механичка вентилација и ординирана му беше соодветна терапија. Сепак, интензитетот на деструкцијата на мозочното ткиво беше таков што не дозволуваше хируршко лекување“, се наведува во соопштението.

Според лекарите, повредите биле некомпатибилни со животот, што на крај резултирало со трагичен исход.

Можете да прочитате

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат 

ИЗЛОЖБА „ЖЕНИТЕ ОД СВЕТОТ НИЗ ИСТОРИЈАТА -ЖЕНАТА СИМБОЛ И ИНСПИРАЦИЈА“ 

Адвокатот на Кајмакоски откри детали поврзани со киднапирањето