Утрински Весник
Македонија

Турски државјанин убиен во Скопје, едно лице повредено и осомничениот во бегство

Img 5262.jpeg

Во текот на вчерашната ноќ во Скопје убиен е турски државјанин, информираше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Според неговите информации, во инцидентот учествувала поголема група на граѓани.

– Во конкретниот кривично правен настан имаме едно лице коешто е починато и едно коешто е потешко повредено, рече Тошковски, додавајќи дека во нападот бил искористен нож.

Истражните органи имаат едно осомничено лице, кое моментално е во бегство. Министерот не даде повеќе детали за да не ја наруши истрагата.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 април 2026 година

СВЕТИ ЗИНОН ВЕРОНСКИ: Истакнат епископ, борец против аријанството и голем чудотворец

Трајанов: Македонија има најразвиен систем за превенција од радикализација во регионот