Утрински Весник
Свет

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Tramp i epshtajn.jpg

Американското Министерство за правда се соочува со исклучително обемна и сложена задача за прегледување на дури 5,2 милиони страници документи поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин.

За оваа операција е неопходно ангажирање на 400 адвокати, што речиси сигурно ќе го одложи објавувањето на списите далеку по рокот кој Конгресот го постави за 19 декември, се наведува во официјален владин документ.

Во операцијата за проверка се вклучени правни експерти од Казнениот оддел, Одделот за национална безбедност, ФБИ и Канцеларијата на американскиот обвинител во Менхетен. Оваа бројка на ангажиран кадар е значително поголема од првичните проценки. Самиот процес на преглед треба да се одвива меѓу 5 и 23 јануари, а со цел да привлече доволен број волонтери, раководството на министерството нуди стимулации како работа на далечина и дополнителни слободни денови. Од секој адвокат се очекува да посвети три до пет часа дневно за да прегледа околу 1.000 документи.

Објавувањето на сите списи поврзани со казнените истраги против Епстин го наложи администрацијата на Доналд Трамп, следејќи го законот за транспарентност што Конгресот го донесе минатиот месец со силна поддршка од двете партии.

Можете да прочитате

„Катар Енерџи“ прогласи „виша сила за своите засегнати купувачи“ по прекинот на производството на течен природен гас

Одложен е погребот на Хамнеи во Техеран

Украина уништила руски танкер во близина на Малта