Утрински Весник
Магазин

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит

Img 5075.jpeg

Почина познатиот скопјанец Боби Ле Петит. Тажната вест ја соопшти градоначалникот на Општина Гази Баба, кој преку објава на социјалните мрежи се прости од својот пријател.

„Си замина Боби Ле Петит… Човек со големо срце, хуманист, пријател, вистински другар. Лавовски се бореше, но за жал не успеа. Не постои човек кој за него ќе каже лош збор. Денес загубивме сите, не само неговото семејство. Загуби Автокоманда и цела Гази Баба. Искрено сочувство до семејството Стојковиќ, за кои нема зборови за утеха. Ќе останат спомените по кои засекогаш ќе го паметиме Боби. Збогум, пријателе“, напиша градоначалникот.

Боби Ле Петит ќе остане запаметен како човек кој несебично им помагал на другите и како личност што зад себе остави силен човечки и пријателски печат во заедницата.

Можете да прочитате

Мачките никогаш не треба да ги храните со овие намирници

Дневен хороскоп за 03 март 2026

Дневен хороскоп за 02 март 2026