Утрински Весник
Спорт

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

Fudbal.jpg

На Светското првенство во фудбал, кое следната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, само две репрезентации ќе имаат вредност над една милијарда евра, покажуваат податоците на „Трансфермаркт“. Станува збор за селекциите на Англија и Франција.

На клупски план, дури седум екипи имаат играчки состав проценет на повеќе од една милијарда евра. Највреден тим е Реал Мадрид, со проценета вредност од 1,38 милијарди евра, најмногу благодарение на договорите на Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде.

На второто место се наоѓа Арсенал со 1,29 милијарди евра, по што следуваат Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Челзи, Барселона и Ливерпул, кој ја затвора листата на клубови со вредност од над една милијарда евра. Во топ 10 највредни клубови според „Трансфермаркт“ се наоѓаат и Баерн Минхен, Тотенхем и Манчестер Јунајтед.

Можете да прочитате

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони