Утрински Весник
Свет

Дефект во тунелот под Ла Манш го парализира железничкиот сообраќај меѓу Британија и Европа

Francija vozovi.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сериозен прекин во снабдувањето со електрична енергија во тунелот под Ла Манш предизвика целосно нарушување на железничкиот сообраќај меѓу Лондон и европските метрополи Париз, Брисел и Амстердам. Меѓународниот железнички оператор „Еуростар“ упати апел до патниците да не доаѓаат на станиците и да ги одложат своите планирани патувања. Како што соопштува операторот, проблемот е резултат на дефект на надземен далновод во подводниот тунел долг околу 50 километри, што довело до масовни откажувања на возови.

Дел од линиите што сè уште се активни сообраќаат со значителни задоцнувања, кои на некои релации изнесуваат и неколку часа. Најтешка е состојбата на лондонската станица „Сент Панкрас“, каде се собрале голем број патници во обид да добијат информации за продолжување или откажување на нивните патувања, и покрај претходните предупредувања да не се доаѓа на станиците. „Еуростар“ досега откажа повеќе од десет возови на релацијата Лондон–Париз, а надлежните не ја исклучуваат можноста бројот на откажани поаѓања да се зголеми во текот на вечерните часови. Операторот најавува дека ќе информира за состојбата штом се создадат услови за нормализирање на сообраќајот.

Можете да прочитате

Масовните протести во Иран  – 24info.mk

Украина и САД разгледуваат распоредување на американски сили како дел од безбедносни причини

Голема заплена на небезбедна храна во Атика