Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време и дали го резервираа навреме Харис да им пее?

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Откако лидерот на СДС, Зоран Заев одамна се смести во Дубаи, а Венко Филипче побрза да избега кај него за празниците, се поставува прашањето дали на Бихаќка Нова година си честитаат по дубајско време како нивниот лидер и неговиот намесник Филипче?

А дали и овој пат на забавата главна ѕвезда ќе биде Харис Џиновиќ или некоја друга балканска турбофолк „ѕвезда“ и кој од раководството одбрано од Заев, тоа ќе се види на снимките како што и претходно видовме како Филипче радосно го снима неговиот лидер додека се забавува.

Веројатно дека покрај Новата година, во Дубаи на забавата веројатно ќе се прославува и нивната инвестиција 42- катница, нешто што повеќе пати е потврдено како од намесникот Филипче и СДС, така и од сведоштвото на поранешниот соработник на Зоран Заев, Тома Аврамски.

Воедно остана неодговорено како Филипче од докторска плата „собра“ пола милијарда евра затоа што толку се потребни за добивање златна виза во Дубаи преку инвестиција или бизнис, бидејќи досега не видовме доказ дека златната виза ја добил на поинаков начин, иако викаше дека ќе покаже.

Македонската јавност чека одговори.

Можете да прочитате

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД

Судот го осудил Јакимовски, а не било утврдено каков е објектот – Врховен ги укина пресудите

Левица: Кого прави будала Јаневска? Каде во листите за студентски домови се објавени бодовите како што наложува Правилникот?!