Утрински Весник
Македонија

Алиу: До мај нов „смарт“ паркинг и катна гаража во Клиничкиот центар

B80dbb014 crop 820x0x100.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања во врска со состојбата со паркингот во Клиничкиот центар, изјави дека до мај се очекува Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје да добие целосно нов паркинг со „смарт“ инфраструктура и катна гаража.

Тој појасни дека досега постоел административен проблем поврзан со инфраструктурата на паркингот, што го забавило процесот на негово уредување и модернизација.

Министерот Алиу информираше и дека Министерството за здравство, во соработка со Министерството за образование и наука, работи на изработка на национална стратегија за период од 10 години, со цел системски да се планира и креира профилот на здравствени работници и професионалци, во согласност со реалните потреби на здравствениот систем.

„Тоа не може да се направи ниту за една, ниту за четири години. Знаете дека минимум шест години се потребни за да се креира профил на доктор“, изјави Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на реконструираната Клиника за гинекологија и акушерство.

Тој потсети и дека Министерството за здравство, заедно со Владата, ќе набави 100 нови амбулантни возила, а за 2027 година најави дополнителни 50.

„За кратко време ќе има плус 150 амбулантни возила, кои ќе бидат соодветно опремени за да можат ефикасно да ги опслужуваат нашите граѓани“, подвлече министерот Алиу.

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња