Утрински Весник
Економија

Намален нето надворешниот долг и подобрена инвестициската позиција во третиот квартал од 2025

Narodna Banka.jpg

Народната банка соопшти нови податоци за состојбата со надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција на државата на крајот од третиот квартал во 2025 година.

– На 30.9.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.494 милиони евра (или 27,1% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%, се наведува во соопштението од Народната банка.

Дополнително, во текот на третиот квартал годинава е забележано и подобрување на нето меѓународната инвестициска позиција. Негативната МИП е намалена за 250 милиони евра и на крајот од септември изнесува 8.738 милиони евра, што е еквивалентно на 52,7% од проектираниот бруто-домашен производ за 2025 година.

Можете да прочитате

СДСМ: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиите

Левица: Неплатено грозје, заложено вино и евтини државни кредити – Владата ја чести винарската олигархија со народни пари додека лозарите ги турка во пропаст

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, стан од 50 м2 во Центар за 168 0000 евра