
На 26 декември 2025 година, околу 06:45 часот, на регионалниот пат Тетово – село Брвеница, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Б.Н. од Тетово, удрило во 35-годишниот пешак Б.С. од село Брвеница. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му била укажана лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, а увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.



