Утрински Весник
Свет

Швајцарската армија не е подготвена за големи напади

Slove 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Швајцарија во моментов нема капацитет целосно да се заштити од масовни напади и мора значително да ги зголеми инвестициите во одбранбениот сектор, предупредува началникот на вооружените сили, генерал-потполковник Томас Сусли. Според него, безбедносните ризици во Европа се зголемуваат, особено поради однесувањето на Русија. Во разговор за швајцарскиот весник „Ноје Цирихер Цајтунг“, Сусли истакнал дека државата е релативно подготвена за сајбер напади и закани врз критичната инфраструктура, но дека армијата се соочува со сериозен недостиг од соодветна опрема.

„Не можеме да се одбраниме од закани од далеку, па дури ни од напади од големи размери врз нашата земја. Мора да се знае дека при вистинска вонредна состојба, едвај една третина од сите војници ќе бидат целосно опремени“, рече Сусли, кој се повлекува од функцијата на крајот од годината.

Во обид да ги надмине овие слабости, Швајцарија веќе започна со зголемување на одбранбениот буџет, модернизација на артилеријата и замена на старите воени авиони со современи ловци „Ф-35А“ од американскиот производител „Локид Мартин“. Сепак, ваквите чекори наидуваат на критики, особено поради притисоците врз државните финансии.

Можете да прочитате

Довербата во Макрон падна на рекордно ниско ниво

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради обилни снежни врнежи

Масовен прекин на струја во Киев по ноќниот напад