Утрински Весник
Македонија

Можна е средба Мицкоски-Ахмети по Нова Година

Ali ahmeti i mickoski.jpg

Обезбедувањето Бадентерово мнозинство за избор на народен правобранител и други законски решенија може да бидат повод премиерот Христијан Мицкоски да оствари средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, на која директно ќе се договараат решенија. Во директни одделни разговори со пратеници од немнозинските заедниците, премиерот по празниците ќе бара поддршка за т.н. двојно гласање за власта да не добие критики од ЕУ дека ја блокира институцијата Народен правобранител, но и некои закони од реформската агенда.

– Во јануари сериозно ќе се ангажираме за да обезбедиме Бадентер за избор на Народниот правобранител, но и за сите закони за кои е потребен, за да не добиеме непотребно забелешки од ЕУ. Дали лидерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со лидерот на ДУИ или преку пратеници ќе разговараме, е работа на стратегија. Не исклучуваме да има разговори на лидерско ниво – вели за „Слободебн печат“ висок владин функционер.

На Мицкоски Бадентерово мнозинство му е потребно и за усвојување на законот на јавна администрација и за Изборниот законик.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на брифинг со новинарите апелираше пратениците да најдат политичка волја за Собранието да избере народен правобранител, откако вработените во институцијата пратија писмо и до Собранието, но и до медиумите и амбасадите, дека институцијата е во целосна блокада и дека веќе од 1 јануари нема кој да им ги потпишува ниту платите на вработените.Гаши најави личен ангажман за да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек. Сепак, нема решение како ќе се обезбедат гласовите од ДУИ, со оглед на тоа дека власта нема Бадентерово мнозинство кое е потребно за избор на нов Народен правобранител.

Можете да прочитате

Трагедија во Тафталиџе: Детето тропало по врати и барало помош

Марта Гусар: Системот не лебди над нас – конкретни луѓе се одговорни за пропустите

Гусар: Мажите жртви на насилство молчат од срам, институциите ги исмеваат наместо да ги заштитат