Утрински Весник
Македонија

Полициски службеник од Скопје уапсен за изнуда од 20.000 евра

Img 4055.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

По претходна пријава од граѓанин за сторено кривично дело „изнуда“, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде соодветни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Според пријавата, полицискиот службеник Х.З. (48), вработен во Одделението за криминалистички работи Гази Баба, заедно со други лица, во повеќе наврати од пријавителот барал сума од 20.000 евра. Станува збор за пари кои, според нивните тврдења, синот на пријавителот наводно ги земал од нив.

По преземени оперативни мерки и извршена криминалистичко-техничка обработка на паричните средства, на 25.12.2025 година, на подрачјето на Центар, Х.З. бил лишен од слобода непосредно по примопредавањето на парите. При извршен претрес кај него биле пронајдени 20 апоени од по 50 евра.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Х.З. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.

Одделот за внатрешна контрола најави дека ќе поднесе предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, како и задолжителна мерка – отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. Во меѓувреме, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост на пријавениот.

Можете да прочитате

Филипче: Ни треба систем, а не еден лидер

Работник од Делчево се здобил со тешка повреда при извршување на работните обврски

Густа магла на повеќе патни правци