Утрински Весник
Свет

„Како Амазон, ама со луѓе“ – Трамп со нов план за масовна депортација

Tramp carini 4.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува радикална промена на системот за притворање и депортација на имигранти во САД, планирајќи пренамена на индустриски складишта во огромни центри за задржување, во кои истовремено би биле сместени повеќе од 80.000 лица.

Според нацрт-документи од јавен повик за изведувачи, во кои увид имал The Washington Post, целта е драстично забрзување на депортациите преку создавање централизирана и логистички „ефикасна“ мрежа на притворски центри.

Централизиран систем за побрзи депортации

Наместо досегашната пракса имигрантите да се префрлаат низ различни објекти низ земјата, Американската служба за имиграција и царина (ICE) планира воспоставување на нов систем за брза обработка. Новоапсените имигранти најпрво би минувале неколку недели во центри за процесирање, по што би биле префрлани во едно од седум големи складишта, секое со капацитет од 5.000 до 10.000 лица, каде би чекале депортација.

Овие објекти би се наоѓале во близина на клучни логистички јазли во Вирџинија, Тексас, Луизијана, Аризона, Џорџија и Мисури, а планот предвидува и уште 16 помали објекти.

Од Министерството за внатрешна безбедност не ги потврдија официјално овие информации. Портпаролката Триша Меклафлин изјави дека „не може да го потврди известувањето“ и одби да одговори на дополнителни прашања.

„Ефикасност како Амазон“

Планот е дел од пошироката кампања на Трамп за масовно притворање и депортирање на имигранти. Со буџет од околу 45 милијарди долари, администрацијата годинава веќе депортирала повеќе од 579.000 лица.

Во документите се наведува дека новите објекти треба да „ја максимизираат ефикасноста, да ги минимизираат трошоците, да го скратат времето на обработка и да го забрзаат процесот на отстранување, при што ќе се промовираат безбедност, достоинство и почит“.

Сепак, изјавата на вршителот на должноста директор на ICE, Тод М. Лајонс, предизвика бурни реакции. Тој, според Arizona Mirror, отворено рекол дека целта е депортациите да функционираат како логистиката на Амазон:
„Како Prime, но со човечки суштества.“

Можете да прочитате

Северна Кореја тестираше ракета со долг дострел земја – воздух

Папата Лав XIV присуствуваше на божиќната миса во базиликата „Свети Петар“

Белгиски адвокат казнет со 25.000 евра за поднесување на приговори генерирани од вештачка интелигенција