Утрински Весник
Македонија

Новогодишен базар со музика и забава во Ѓорче Петров

603858472 905273325401581 8824168413774136738 n.jpg

Од 25 до 27 декември, Корзото во Ѓорче Петров ќе биде домаќин на новогодишен базар, кој ќе понуди празнична атмосфера со музичка програма, гастрономска понуда и забава за сите генерации. Во рамки на „GRIN-G Winter Street Festival“, посетителите ќе можат да уживаат во настапи во живо на 25 декември од 17 до 20 часот ќе настапи бендот „Контра План“, а на 26 декември од 17 до 21 часот „Куку Леле“.

За најмладите е предвидена специјална програма во сабота, на 27 декември, од 10 до 13 часот. Организаторите најавуваат три дена исполнети со празничен дух, дружење и зимска магија.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР