Утрински Весник
Македонија

Палчо бара ослободување или повторно судење

Palco Sudenje2 1170x780 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Љупчо Палевски – Палчо, осуден на доживотен затвор за грабнување и две убиства, преку својот адвокат поднесе жалба до Апелациониот суд во Скопје, барајќи ослободување или повторно судење. Адвокатот Јовица Страшевски тврди дека во првостепената постапка имало сериозни процесни пропусти.

„Имаме најдено доста суштествени повреди во постапката. Дел од доказите воопшто не се изведени на суд, а се наведени во пресудата. Има случаи каде што доказ се побива со исказ на обвинет, а исказ на обвинет не може да биде доказ. Побаравме јавна седница, каде што дополнително ќе ги образложиме наодите, бидејќи рокот за жалба беше кус. Бараме или повторно судење, или ослободителна пресуда“, истакна Страшевски.

Предметот е пред судијата Ѓоко Ристов, а мислење е доставено и до Вишото јавно обвинителство. Апелацијата наскоро треба да закаже јавна седница на која ќе се одлучува дали ќе ја потврди, укине или измени првостепената пресуда.

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции