Утрински Весник
Македонија

Со 2,44 промили возел пијан низ Кичево

Policija.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 23.12.2025 во 09:00 часот на ул.„Рудничка” во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода П.М.(42) од кичевското село Лазоровци. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „алфа” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,44 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска нема бугарски пасош

Зголемен бројот на заболени деца во болницата во Куманово

Тренчевска:Муртезани се менува а изолацијата од ЕУ останува