Утрински Весник
Магазин

Вечер на класична магија – Пијано концерт на Арда Мустафаоглу во „Џевахир мол”

Arda mustafaoglu.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Љубителите на класичната музика на 26 декември ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со емоции, виртуозност и уметничка инспирација. Младиот и исклучително талентиран пијанист Арда Мустафаоглу ќе одржи пијано концерт во Cevahir Mall Skopje, со почеток во 18:00 часот.

Публиката ќе биде поведена на музичко патување каде секој тон носи приказна, а пијаното станува глас на емоциите. Настапот ветува длабоко доживување на класичната музика, во кое тишината, прецизноста и чувството се спојуваат во уникатна уметничка целина.

Џевахир Мол упатуваат покана до сите љубители на уметноста да си дозволат момент на мир, инспирација и музика што се чувствува со срцето. Оваа вечер, пијаното ќе зборува, а емоциите ќе одекнуваат во просторот на „Џевахир мол”, нудејќи доживување што не се пропушта.

Можете да прочитате

Како правилно да перете чевли во машина без да ги оштетите

Никогаш не заспивајте со шминка!

Шеќерот во крвта не доаѓа само од благо – Што велат ендокринолозите