Утрински Весник
Скопје

Ѓорѓиевски: Подароци за најчистите души од згрижувачките семејства

Img 0712.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, со искрена посветеност кон најмладите и најранливите категории деца, и овојпат покажа дека хуманоста и грижата се во сржта на локалната самоуправа.  Во духот на празничната магија и солидарноста, беше организирана посебна вечер исполнета со радост, насмевки и детска среќа, наменета за децата од згрижувачките семејства и од ЈУ Детски дом „11 Октомври”.

– Подароци за најчистите души, вечерва, срцето на градот чукаше најсилно токму таму каде што се најчистите насмевки. 

Со организација на кино-проекцијата на филмот „Биби и Боби”, им подаривме радост на 100 дечиња од згрижувачките семејства од Скопје и од организационите единици при ЈУ Детски дом „11 Октомври”. Сала исполнета со смеа, возбуда и детска искреност, моменти што нè потсетуваат колку малку е потребно за голема среќа, а колку многу значи вниманието.  По завршувањето на филмот, поделивме новогодишни пакетчиња за сите дечиња.

Како градоначалник, но пред сè како човек, останувам цврсто посветен на создавање можности, поддршка и сигурност за најмладите, особено за децата кои се дел од системот на социјална заштита.  Нивната радост е нашата најголема обврска. Секое дете заслужува внимание, љубов и убави празнични денови, посочи градоначалникот Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Меџити-Спиропали: Во фокусот актуелните случувања

Ѓорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднината

Додека Скопје се гуши од загаден воздух, врват криминални тендери, велат од СДСМ