Утрински Весник
Македонија

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови

Meteoalarm.mk 36.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитаранот кои ќе бидат во склоп со продор на поладен воздух од север од утре попладне (вторник 23 декември) па во деновите потоа во Македонија времето ќе биде претежно облачно и релативно ладно со повремени локални врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат пообилни. На планините пак над 1300 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег  и очекувам формирање на снежна покривка.

Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа од североисточен правец  и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Токму ова ќе услови намалување на маглата  и на загаденоста по котлините.

Во Скопје  и околината од утре попладне (вторник 23 декември) па во деновите потоа времето ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд а на околните планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од југоисточен а потоа  и од североисточен правец  и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 8 степени а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.  Во Скопје  и околината температурата наутро ќе се спушта до околу 1/2 степени а преку ден таа ќе се искачува до околу 7 степени.

Можете да прочитате

Фрчкоски до ВМРО-ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат

Трамп ги менува луѓето во амбасадите и Македонија меѓу 29 земји

Зарина Првасевда со „Кадифено“ ја поврза традицијата со современиот музички израз